More

    Ќе биде ли отворена портата кон Доњецк?

    spot_img

    САД предупредија дека Русија би можела да го заземе клучниот источен украински град Авдиивка којшто е боиштето на кое се одигруваат некои од најжестоките борби во последните месеци, јавува Би-Би-Си.

    – Авдиивка е изложена на ризик да падне под руска контрола – изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, наведувајќи го недостатокот на муниција во Украина.

    Кирби истакна и дека „Русија испраќа бран по бран регрути за напади врз украинските позиции“.

    Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе стори сé за „да спаси што е можно повеќе животи на Украина“.

    Денска Зеленски ќе ги посети Берлин и Париз, каде што се очекува да потпише безбедносни договори со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Сличен договор за безбедносна соработка беше потпишан меѓу Украина и Велика Британија во јануари.

    Истовремено, помошта од 60 милијарди долари која САД ја предвиде за Украина останува заглавена. Претстои тешка битка за одобрување на парите во Претставничкиот дом. Коментирајќи го ова Кирби изјави:

    – И бидејќи Конгресот допрва треба да го усвои дополнителниот нацрт-закон, не успеавме да и ги обезбедиме на Украина артилериските гранати кои очајно и се потребни за да ги попречат овие руски напади – рече Кирби.

    Гратчето Авдиивка е речиси целосно уништено и се смета за порта кон Доњецк, регионалниот украински главен град заземен од борците поддржани од Русија во 2014 година, а подоцна анектиран од Москва.

    Руските трупи постигнаа придобивки во Авдиевка, заканувајќи се дека ќе ја опколат.

    Доцна во четвртокот, украинскиот генерал Олександр Тарнавски призна дека се водат „жестоки битки“ „во рамките“ на Авдиивка.

    – Ние го цениме секое парче украинска земја, но највисока вредност и приоритет за нас е зачувувањето на животот на еден украински војник – рече тој.

    Портпаролот на украинската војска Дмитро Лиховиј призна дека украинските војници во Авдиивка се принудени „понекогаш да се преселат на поповолни позиции… на некои места оставајќи ги позициите“.

    Новоименуваниот врховен командант на Украина, Олександр Сирскиј, оваа недела ја посети линијата на фронтот во областа Авдиивка, признавајќи дека ситуацијата таму е „тешка“. Тој рече дека руската војска „не броела загуби“, користејќи ги своите војници како топовско месо.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во четвртокот предупреди дека неуспехот на САД да одобри континуирана воена помош за Украина веќе има влијание на бојното поле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img