More

    ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА РАМПИТЕ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ

    spot_img
    Општина Охрид ги известува жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од утре 29.07.2022 година (петок) ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот. Моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат ревидирана картичка за движење во овој дел од градот од 2021 година.
    Рампите пред „Горна Порта“ и пред „Каменско“ ќе функционираат 24 часа, а рампата пред Капетанија ќе биде во функција од 05:00 до 20:00 часот. Од 20:00 до 05:00 часот, оваа рампа ќе биде затворена за пропуштање на сообраќај, а во истиот период, затворени за сообраќај ќе бидат и улиците „Коста Абраш“ и „Самоилова“.
    Дотурот на стока во стариот дел на градот, правните лица ќе може да го вршат со издадена картичка, секој ден во периодот од 05:00 до 10:00 часот.
    Такси возилата кои вршат превоз на патници ќе бидат пропуштани во стариот дел на градот само преку влезот кај „Горна Порта“.
    Се известуваат сопствениците на сместувачките капацитети кои немаат обезбедено сопствен паркинг, дека своите гости можат да ги насочат за влез исклучиво преку „Горна Порта“, само за да извршат истовар на патници и багаж. За овие возила дозволен е престој во стариот дел на градот во времетраење од 15 минути.
    Се упатува апел до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воспоставениот режим на движење во стариот дел на градот со цел да нема непотребен застој.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img