Казна затвор за двајца насилни демонстранти

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројца еколошки активисти беа уапсени по саботните протести против ископувањето на литиумот во Србија. Судот во Белград ги осуди на казна затвор поради вознемирувањето на јавниот ред и мир. Иван Бијелиќ доби 40 дена казна затвор, а Никола Ристиќ и Јевѓеније Димитријевиќ по 30 дена затвор.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги обвини споменатите активисти дека се однесувале безобразно спрема Бранка Лазиќ, новинарката на српскиот таблоид „Информер“.

– Мене ми е жал за новинарката Бранка Лазиќ, тоа што таа го преживеаа поради овие марксисти, анархисти, така имбецилно однесување, полевање со вода, буткање на сендвич в уста и сето останато зборува околу тоа за какви луѓе станува збор. Такво непочитување на жените, ни малку да не бидеш џентлмен, глумиш „мангуп“, вие 50 мажи спрема една жена, којашто стои, којашто нема да се помрдне, а чијашто вина е само тоа што работите ги гледа на поинаков начин од вас – порача Вучиќ.

Новинарката испраќала бакнеж и мавтала

Во меѓувреме се појавија и снимките од овој инцидент. На едната снимка се гледа како новинарката разговара со протестант којшто бутка сендвич кон нејзината уста. Во заднина се слуша скандирање „Децата ги труете“. Протестантите потоа ги поставуваат своите транспаренти пред новинарката, а таа одговори така што ги зема нивните транспаренти и ги оттргнува од себе, а протестантите со свирежи реагираа на нејзиното однесување.

 

 

На втората снимка новинарката испраќа бакнеж и мавта кон собраната маса луѓе. Во тој момент еден од протестантите повторно бутка сендвич спрема нејзиното лице, а во тој момент таа го зема сендвичот и со бесен поглед се внесува во лицето на протестантот којшто го буткаше сендвичот кон нејзиното лице. „Рио Тинто, излегувајте од Србија“, во меѓувреме скандираа протестантите.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Сообраќајот на патиштата беше блокиран

Причина за протестите во Србија беше најавата за отворање на рудник за литиум на рударската компанија Рио Тинто во долината на реката Јадар. Протестантите го организираа протестот на денот на истекот на рокот од 40 дена којшто го поставија на владата на Србија за усвојување на законот за трајна забрана на геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

- Advertisement -
Ad image

По завршувањето на протестниот собир на белградските „Теразии“ на којшто имаше повеќе од 10.000 луѓе, дел од протестантите го блокираа и сообраќајот на автопатот.

Share This Article