Поп-ѕвездата Каролина Гочева со сопругот, уметникот Михаил Корубин уживаат на одмор во прекрасната Италија.
Фотографиите што ги објави пејачката ја доловуваат колоритноста и убавините, меѓу кои и знаменитостите на регионот Пуља.
Каролина согласно со местото каде што го поминува одморот, облекла два прекрасни фустани.
Освен фотографиите, Каролина сподели и видеа кои покажуваат историски градби, а меѓу другото, уживале и на плажа во италијанското гратче Галиполи.
ФОТО: Инстаграм