Карго авион на DHL рано утрово падна во близина на аеродромот во Вилнус во Литванија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Карго авион на DHL рано утрово падна во близина на аеродромот во Вилнус во Литванија. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледa силната експлозија по падот. Спасувачите извлекле едн од двајцата пилоти, кој бил жив и свестн, по починал по неколку минути од повредите од несреќата.

Во авионот на компанијата „Свифтер“ имало вкупно двајца пилоти и двајца вработени во „DHL“. Се трага по едно лице кое патувало во авионот.

Началникот на литванската полиција денеска изјави на прес-конференција дека не може да се исклучи терористички напад како причина за падот.

– Тоа е една од верзиите што треба да се истражи и да се потврди. Има уште многу работа пред нас – рече Арунас Паулаускас на прес-конференција.

 

 

 

 

 

- Advertisement -
Ad image

 

Товарниот авион од типот Боинг 737-400 летал од германскиот град Лајпциг кон Вилнус. Тој се урнал во близина на куќа, на 4 километри од аеродромот Спасувачуите од урнатините на авионот извлекле еден од двајцата пилоти, кој бил жив и свесен, но по неколку минути починал од повредите здобиени во несреќата.

Нема загинати од лицата кои биле во близина на куќата каде се урна авионот. Наредена е евакуација на 12 лица кои живееле во близина на несреќата.

- Advertisement -
Ad image

Инцидентот бил пријавен во спасувачките екипи во 5.28 часот. локално време. Авионот се приближувал до аеродромот во Вилнус за да слета таму кога се случила несреќата.

На крајот на август, германските безбедносни власти почнаа да предупредуваат за „неконвенционални запаливи средства“ што ги испраќаат непознати лица кои користат даватели на услуги за пратки.

Предупредувањето, наводно, било поврзано во безбедносните кругови со инцидент во логистичкиот центар на DHL во Лајпциг, кој служи како глобален центар на компанијата каде во јули таму се запалил пакет испратен од балтичките земји, во кој наводно имало запаливо средство.

Во предупредувањето не се споменува Русија. Сепак, безбедносните кругови, наводно, не ја исклучуваат можноста за поврзаност, со оглед на зголемените случаи на руска саботажа во Германија.

Share This Article