Карди Би важи за една од најпопуларните раперки во светот, а сега со својата изјава шокираше многумина.
Еден од следбениците на Твитер на познатата американска раперка Карди Би ја прашал за бојата на нејзината кожа, таа иронично одговорила.
„Девојко, дали си црнкинка?“, ја прашал еден корисник, а познатата раперка не го игнорирала прашањето туку жестоко му одговори:
„Не, јас сум Иркиња и Југословенка“, напиша Карди Би.
Не им требало многу време на твитерџиите во регионот да ја споделат нејзината објава со нивните смешни клипови.
Инаку, Карди не е Југословенка, судејќи според Википедија. Таа е родена и израсната во Њујорк, нејзиниот татко е од Доминиканската Република, а нејзината мајка е од Тринидад.
ФОТО: Твитер