Капитенот на Вардар во клинч со сопствените навивачи спречи поголем инцидент

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Инцидентите кои беа дел од вечното ракометно дерби Вардар и Еурофарм Пелистер сѐ уште се главна тема на домашната спортска сцена.

Во меѓувреме, по социјалните мрежи се појави и ново видео во кое јасно се гледа како вардаровата икона Стојанче Стоилов влегува во конфликт со сопствените навивачи, бесен поради нивното влегување на терен. Стоилов влезе во „клинч“ со еден комита, кој дефинитивно го извлече подебелиот крај.

Стојанче Стоилов, Борко Ристовски и останатите ракометари на Вардар дефинитивно се меѓу најзаслужните што хаосот на теренот не кулминираше и ситуацијата се среди, по што вечното дерби беше доиграно.

 

 

Во секој случај, и двата клуба ги очекува казна за настанатиот хаос од двете навивачки групи, а санкциите се очекува да бидат изречени следната седмица, откако Вардар и Еурофарм Пелистер добија рок од седум дена за писмено да се произнесат и да дадат свои аргументи пред конечната одлука на Дисциплинската комисија.

Полицијата по завршувањето на натпреварот приведе 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир во салата „Јане Сандански“ во Скопје, информира МВР.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари. Во врска со овој настан, денеска во полициска станица дополнително ќе бидат повикани уште 6 идентификувани лица кои го прекршиле законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Исто така, ќе биде повикано и одговорно лице од агенцијата која со своите редари била задолжена за редот во салата, а немала доволен број на редари“, информираа од МВР по натпреварот.

Share This Article