Капитенот на руската фудбалска репрезентација Артем Џуба јавно му изрази поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.
Фудбалерот на Локомотив Москва зборуваше за руските медиуми:
„Отсекогаш чувствував дека Русија е мојата земја. Долго време размислував да заминам да играм во странство, а имаше моменти кога сакав да заминам во некоја од лигите на Петица. И да ми се јават, а не да ми се јават, нема да одам“.
А потоа продолжи:
„Зошто да не одам? Поради целата ситуација, поради радикалниот однос кон нас. Мислам дека тоа не е убаво. Ги симнаа сите маски и ја покажаа таа врска. Ако се однесуваш така со нас, тогаш не ни требаш. Всушност, не можам да ги поднесам. Верувам во мојата земја, јас сум патриот и ја сакам“.
Тој посочи дека целосно го поддржува рускиот претседател Путин во агресијата против Украина.
„Историјата ќе суди за се. Сега сум целосно за претседателот Путин, тоа не го кријам и директно го кажувам. Јас сум за мојата земја. Таков сум и ќе бидам со мојата земја до крајот на животот. Ќе верувам до крај дека сме за праведна кауза“.
Џуба во текот на својата кариера настапуваше за Спартак Москва, Том Томск, Ростов, Зенит, Арсенал од Тула и Адана Демирспор. Од 2011 година за руската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 30 голови.