More

    Капетан Горан Устијановски : Ќе ве убијам сите, ќе ти го пресечам гркланот, целата фамилија ќе ти ја убијам, ќе ве изрешетам со калашников

    spot_img

    “Ќе ве убијам сите, ќе ти го пресечам гркланот, целата фамилија ќе ти ја убијам, ќе ве изрешетам со калашников“, на ваков начин се заканувал КАПЕТАНОТ НА КАПЕТАНИЈА НА ПРИСТАНИШТАТА  на РСМ Горан Устијаноски на една жена и на нејзината тогаш малолетна ќерка пред влезот на нејзиниот семеен дом.

    Капетанот Горан Устијаноски е вршител на јавна функција именуван од Влада на РСМ и е на ранк на помошник министер за транспорт и врски во владата на РСМ.Додатна тежина на строреното кривично дело преставува фактот на јавната функцијата која ја носи и со која функција ја преставува де факто и де јуре Република Северна Македонија во и надвор од нејзините граници.

    Како главен и одговорен уредник , в’чера ветив дека ќеја објавам пресудата на Основен суд Охрид  К-57/22-1 , со која пресуда лицетѕо Горан Устијаноски , прогласен е за виновен  за сторено кривично дело“загрозување на сигурноста“ по «чл.144 ст.2 вв ст.1» од КЗ .

    Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, премиерот во владта на РСМ Ковачевски,треба наитно да ја разгледаат позицијата која ја врши Горан Устијаноски, неговото поведение во преставување на министерството во јавниот живот, неговите испади во континуитет со примена на насилства врз жени ,како и да донесат соодветна одлука за негов отпозив од функцијата која ја врши.

    Против Капетан Устијаноски и во изминатиот период од други женски лица во СВР Охрид биле поднесувани пријави во СВР Охрид за семејни насилства, кој завршиле во фиоките на ПС од ОН Охрид,поради неговата функција која ја врши и заштита од поединци од СВР Охрид,што резултирало со ислеување на лицата во Р.Србија,а кој поднесоци Охридскај ќе ги објави.

    Во прилог пресуда на Основен суд Охрид К-57/22-1,со која пресуда се прогалсува за ВИНОВЕН лицето Устијаноски Горан за кривично дело “загрозување на сигурноста“:

                                                                                   «К-57/22»1
    ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
    ОСНОВНИОТ СУД ОХРИД, како првостепен кривичен суд преку
    судијата «Билјана Белевска Пројковска» како судија поединец, со
    записничарот «Тања Спироска», постапувајќи по обвинителниот предлог
    за издавање казнен налог поднесен од ОЈО О. «КО.бр».од «11.03.2022»
    година против обвинетиот «» «Г.У.» од «О.», за кривично дело
    “Загрозување на сигурноста“ по «чл.144 ст.2 вв ст.1.»«» од КЗ , согласно
    чл.499 од ЗКП, на «16.03.2022» година, ја донесе следната:
    П Р Е С У Д А
    за издавање на казнен налог
    ОБВИНЕТИОТ:
    «» «Г». У.. со ЕМБГ «…» од «О.», од татко Н.. мајка Љ., со моминско
    презиме на мајката Б..роден на ден «…»година во «О.», каде и живее«» на
    ул. «“С.В. бр.».«», Македонец, државјанин на РСМ, неосудуван, капетан во
    внатрешна пловидба, со завршено високо образование, средноимотен,
    неосудуван.
    В И Н О В Е Н Е
    ЗАТОА ШТО:
    На ден 10.12.2021 година, околу 17,00 часот, обвинетиот Г.У. ја
    пресретнал оштетената Б. С. со која во изминатиот период од 6 години
    биле во љубовна врска, пред влезот од нејзината зграда и при вршење
    семејно насилство ја загрозил сигурноста на оштетената со сериозна
    закана за напад врз нејзиниот живот и тело, односно животот и телото на
    нејзини блиски лица – семејството од ошптетената, па така пред влезот од
    зградата, на јавен простор кон оштетената ги упатил следните зборови “Ќе
    ве убијам сите, ќе ти го пресечам гркланот, целата фамилија ќе ти ја
    убијам, ќе ве изрешетам со калашников“, кои претставуваат сериозна
    закана за напад кон оштетената и нејзиното семејство, со што ја загрозил
    сигурноста на оштетената предизвикувајќи кај нејзе чувство на страв,
    несигурност и вознемиреност.
    Со опишаните дејствија обинетиот сторил кривично дело
    “загрозувањ ена сигурноста“ по «чл.144 ст.2 вв ст.1» од КЗ .
    Согласно цитираните законски одредби како и одредбите од чл.7,
    11, 32, 33, 48, 48-а, 49 и 50 од КЗ и одредбите од чл. 105, 114 ст. 2 и 404
    од ЗКП, МУ СЕ ИЗРЕКУВА
    АЛТЕРНАТИВНА МЕРКА – УСЛОВНА ОСУДА
    Со која на обвинетиот му се утврдува казна затвор во времетраење
    «К-57/22»2
    од 3 (три) месеци и истовремено се определува дека утврдената казна
    нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 2 (две) години по
    правосилноста на оваа пресуда не стори ново кривично дело.
    . СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетиот на име паушал на судот да плати
    износ од 2.000,00 денари, во рок од 15 дена по правосилноста на
    пресудата.
    Согласно чл. 114 ст. 2 од ЗКП, оштетената БС.за остварување на
    евентуално имотно правно барање се упатува на спор.
    О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
    Основното јавно обвинителство О., до овој Суд поднесе
    обвинителен предлог «КО.бр». од «11.03.2022» година против обвинетиот
    .«Г.У.» од «О.», за кривично дело “Загрозување на сигурноста“ «» по чл.
    «чл.144 ст.2 вв ст.1.»«» од КЗ .
    Основното јавно обвинителство О. со предлогот за издавање казнен
    налог во конкретниов случај предложи судот да донесе пресуда со
    издавање на казнен налог со кој на обвинетиот ќе му изрече алтернативна
    мерка – условна осуда со утврдена казна затвор од три месеци и рок за
    проверка на условот од две години по правосилноста на пресудата.
    Имено согласно чл.497 од ЗКП, за кривични дела од надлежност на
    судија поединец, кога за тоа се располага со доволно докази, јавниот
    обвинител може со предлог за издавање казнен налог да му предложи на
    судот да донесе пресуда и да предложи изрекување на една или повеќе
    кривични санкции или мерки: парична казна во висина од 1 до 100 дневни
    глоби, условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци или парична
    казна, забрана за управување на моторно возило до две години и
    конфискација на имот и имотна корист прибавена со кривично дело и
    одземање на предмети.
    Судот постапувајќи по предлогот за издавање казнен налог,
    согласно чл.499 од ЗКП, се согласи со предлогот и одлучи во конкретниов
    случај да донесе пресуда со издавање казнен налог, имајќи ги во предвид
    предложените и приложени докази и тоа: Извод од казнена евиденција за
    обвинетиот КР. од 30.12.2021 год., од Основен суд Охрид, исказ на
    сведокот – оштетената Б.С. на записник КО бр. од 28.02.2022 год., исказ
    на обвинетиот, на записник КО бр… од 28.02.2022 год., Записник за
    примање на пријава од 10.12.2021 год., составен од МВР СВР О.,
    Проценка на ризикот по животот и телесниот интегритет на жртвата од
    10.12.2021 год., од МВР СВР ОКП ООК О., Предупредување до
    обвинетиот од 10.12.2022 год., од МВР СВР О., и списите на предметот
    ВПП. бр.. на Основен суд Охрид.
    Имајќи ги во вид вака доставените писмени докази, судот најде дека
    од истите на неспорен начин произлегува дека обвинетиот ги превзел
    дејствијата за кои се товари, а во кои дејствија се содржани елементите
    на кривичното дело «“Загрозување на сигурноста“ по чл.144 ст.2 вв ст.1
    »«» од КЗ .
    «К-57/22»3
    Судот го прифати предлогот на Јавниот обвинител за издавање
    казнен налог со пресуда и на обвинетиот му изрече алтернативна мерка
    како во изреката на пресудата, ценејќи дека и со ваков вид на закана од
    казна ќе бидат постигнати целите на казнувањето предвидени во чл. 32 од
    КЗ и дека со истата воспитно ќе се влијае врз обвинетиот, истиот во
    иднина да не се јавува како сторител на вакви и слични кривични дела, а
    исто така и од аспект на генералната превенција ќе се влијае и врз
    другите да не вршат кривични дела.
    Согласно чл. 101 од ЗКП, судот, оштетената Б. С. за остварување
    на евентуално имотно правно барање ја упати на спор.
    Со оглед дека обвинетиот е огласен за виновен, задолжен е да
    плати паушал на судот, износ од 2.000,00 денари, кои да ги плати во рок
    од 15 дена по правосилноста на ова пресуда.
    ОД ОСНОВНИОТ СУД ОХРИД, на ден «16.03.2022» год.
    Записничар, Судија,
    «Т»ања Спироска«», с.р. «Билјана Белевска
    Пројковска», с.р.
    ПОУКА: Обвинетиот има право на приговор
    кој се поднесува до овој Суд
    во рок од 8 дена од денот на приемот.
    НАПОМЕНА: Доколку приговор не е поднесен во законскиот рок,
    пресудата ќе стане правосилна.
    Д-на : ОЈО-О., обвинетиот, бранителот адв. Љупчо Митрески и
    оштетената.

    Сашо Денесовски-Лично

    ПРОДОЛЖУВА….

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img