Израелската армија можеби постојано ги прекршила основните принципи на законите за војна и не направила разлика меѓу цивилите и борците во својата офанзива во Појасот Газа, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.
Во извештајот, во кој се испитуваат шест израелски напади во кои имало голем број жртви и сериозно уништена цивилна инфраструктура, пишува дека израелските сили „можеби систематски ги прекршиле принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост при нападот“.
„Барањето да се изберат средства и методи за војна со цел да се избегнат или барем да се намалат колку што е можно повеќе повредите на цивилите се чини дека постојано се прекршуваат во израелската кампања за бомбардирање“, рече високиот комесар за човекови права Фолкер Турк, според агенции.
Минатата недела, Канцеларијата за човекови права на ОН рече дека убиството на цивили за време на израелската операција за ослободување на четворица заложници можеби се граничи со воени злосторства, но исто така може да биде и фактот дека палестинските екстремисти држат заложници во густо населените области.