По нејзините полуголи изданија, Бјанка овој пат носела црн костим и маска на главата од латекс. Следбениците на раперот во коментарите напишаа дека им е чудно да ја видат неговата сопруга облечена.
„Понекогаш се чувствувам како Бјанка да не е вистинска, Канје ја создаде со вештачка интелигенција“, се пошегува еден следбеник.
„Не знам зошто ми е смешно“, „Нормална објава? Никој не е гол? Канје, што се случи?“, „Какви чудни објави. Понижувачки ми се ова“, „Не разбирам што се случува со нив“, се некои други од коментарите.
Неодамна 46-годишниот рапер објави фотографија од Бјанка на која се гледа како готви гола. Таа носи оскудни бикини и кожна маска за лице и црни чизми.
„Ова е навистина болно“, „Зошто никој не ѝ помага на оваа жена?“, „Заробена е во опасна психолошка игра“, „Емотивно ја злоставува“, „Изгледа толку несреќно и понижено. Таа е робинка нему и навистина е тажно“, беа дел од бројните коментари на социјалните мрежи.
Не сите мислат дека Ценсори е под контрола на Вест, некои забележуваат дека таа е возрасна и може да размислува за себе. Сепак, не се само корисниците на социјалните мрежи загрижени за Бјанка. Претходно беше кажано дека и блиски луѓе се загрижени за нејзината состојба.