More

    Канје и Бјанка добија доживотна забрана за пловење со брод, откако раперот го покажа голиот задник

    spot_img

    Американскиот рапер Канје Вест (46) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (28) добија доживотна забрана за возење со брод во Венеција, откако раперот неодамна го покажа својот гол задник во текот на крстарење.

    Интригантните фотографии настанати во текот на возењето од Италија го обиколија светот, а чамецот им го изнајми компанијата „Venezia Turismo Motoscafi“, што јасно стави до знаење дека парот повеќе не е добредојден на нивниот брод.

    Како што тврдат од оваа компанија, тие не знаеле дека инцидентот се случил сè додека не ги виделе фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи и во медиумите.

    „Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не ја видел таа ситуација. Доколку ги видеше веднаш ќе ги извадеше од бродот и ќе ги пријавише прекршителите кај надлежните“, велат тие.

    Тие за инцидентот обвинија и трето лице кое било на бродот со Канје и Бјанка, а кое според нивните тврдења го блокирало погледот кон тој дел од бродот.

    Да потсетиме, Канје пред неколку дена уживаше во возење со сопругата и непозната пријателка. Тој во еден момент го покажа голиот задник, додека Бјанка клечела пред него. Не е познато далиоваа ситуација ја направил намерно или случајно, но во Италија сигурно веќе извесно време се забележани, а со нивното провокативно облекување предизвикуваат негативни коментари. Канје е главно облечен во црно од глава до пети, додека неговата сопруга излегува во јавност речиси гола. Сепак, инцидентот со голиот задник што ја виде светот, нема брзо да се заборави.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img