Конзорциумот „Бехтел и Енка“ утре организира „Саем за вработување“ во Гостивар. Веста ја соопшти на Фејсбук првиот вицепремиер Артан Груби кој ги покани сите кои сакаат да работат на изградбата на автопатиштата од Коридорите 8 и 10д да присуствуваат на презентацијата.
„Градиме за нови генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на земјата.
Со задоволство можам да објавам дека конзорциумот Бехтел и Енка кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира Саемот за вработување.
Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност одблиску да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските сегменти – Коридори во нашата земја, во следните пет години“, напиша тој.
Конзорциумот планира да одржи вакви саеми и во други градови во земјава.
скандалозниот избор на конзорциумот и моделот на изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д се уште ја брануваат јавноста.