More

    Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вчера, во предвидениот рок, ја поднела својата кандидатура за претседателските избори само со поддршка од потписи од пратеници, но не и со 10.000 граѓански потписи

    spot_img

    Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вчера, во предвидениот рок, ја поднела својата кандидатура за претседателските избори само со поддршка од потписи од пратеници, но не и со 10.000 граѓански потписи, како што беше најавено, потврдија извори од ДИК за Либертас.мк.

    По распишувањето на изборите и почетокот на рокот за собирање граѓански потписи ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека за Гордана Силјановска Давкова се потпишале повеќе од 20.000 граѓани во рекорден рок. Според изворите во ДИК во потписите од граѓаните немало ништо спорно, но сепак Давкова за канидатурата не ги поднела граѓанските туку само пратеничките потписи.

    „Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ е единствениот кандидат за претседател на државата, кој наместо потребните граѓански потписи до Државната изборна комисија со својата кандидатура достави потписи од пратеници“, изјавиле за Скопје1.мк од тимот на кандидатот Стево Пендаровски и прашуваат зошто Давкова се одлучила за ваков чекор.

    „Дали на денот на собирање на потписите излажаа за вкупниот број на собрани потписи? Дали на списоците можеби имало преклопување на одреден број потписи, едните депонирани во нотарски канцеларии, а другите во подрачни одделенија на ДИК? На крајот, дали конечниот број на потписи не само што не е драстично поголем, туку и е помал од бројот на собрани потписи од страна на Стево Пендаровски? Одговор за ова треба да дадат Гордана Силјановска Давкова и ВМРО- ДПМНЕ“ – велат од тимот за односи со јавност на кандидатот Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img