More

    Камерите ја „фатиле“ осомничената Украинка за убиството на Дугина

    spot_img

    Руската агенција за внатрешно разузнавање Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави во понеделникот видео исечоци на кои се тврди дека е осомничената државјанка на Украина за атентатот врз руската новинарка и политички филозоф Дарја Дугина.

    Станува збор за снимки од надзорни камери на неколку места на коишто според истрагата се движела осомничената. Прво се гледа дека таа при проверка на хаубата на нејзиниот автомобил при влез во Русија, за кој користела регистарски таблички на три различни земји, имала светла коса, а откако се вселила во истата зграда со жртвата веќе е бринета, како и кога ја напуштила Русија.

    ФСБ претходно во понеделникот објави дека го расветлило убиството на руската новинарка Дарја Дугина, која настрада во петокот вечерта во подметната експлозија на автомобил во предградие на Москва, соопшти во понеделникот служба за односи со јавноста на руското внатрешно разузнавање.

    Според истрагата, било утврдено е дека злосторството ги подготвиле и извршиле украинските тајни служби. Извршител е државјанката на Украина, Наталија Павловна Вовк, родена 1979 година. Се прецизира дека Вовк, заедно со нејзината 12-годишна ќерка, Софија Михаиловна Шабан, пристигнала во Русија на 23-ти јули и изнајмила стан во зградата каде што живеела Дугина, за да собира информации за нејзините животни навики.

    Руската хакерска група RahDit, која минатиот месец објави илјадници лични податоци на припадниците на украинското разузнавање на тајни служби, објави дека 43-годишната Украинка претходно била дел од баталојонот „Азов“, за кој Москва тврди дека е составен од припадници на неонацистичките и ултранационалистички украински движења, и дека нејзиното момински презме е Шабан.

    Руските медиуми наведуваат извесна Наталија Вовк живеела во Мариупол, од каде заминала пред еден месец. Социјалните мрежи, наводно е прклучена само еднаш пред пет години, но тоа име се појавило веб-страницата НемиЗида на 13-ти април годинава. Станува збор за мрежна страница на којашто руските хакери ги објавуваат личните податоци за припадници и врбувани лица од украинските специјални служби.

    За опсервирање на целта, Вовк користела автомобил „Mini Cooper“ со кој влегла во Русија. Покрај тоа, кога влегла во Русија користела регистарска табличка на Доњецката Народна Република E982ХН DPR, во Москва користела казахстански ознаки 172AJD02 а при напуштање на Русија украинска табличка – AH7771IP.

    На денот на атентатот, Вовк и нејзината ќерка присуствувале на книжевно-музичкиот фестивал „Традиција“, на кој Дугина била почесен гостин.

    „По изведувањето на контролираната експлозија на автомобилот Toyota Land Cruiser Prado, со кој управувала Дугина на 21-ви август 2022-ра, Вовк заедно со ќерката заминале преки Псковската област во Естонија“, додаваат од ФСБ.

    Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејството на руската новинарка Дарија Дугина, а нејзиното убиство го нарече „подло и сурово злосторство“.

    „Подло, сурово злосторство го прекина животот на Дарија Дугина, паметна, талентирана личност со вистинско руско срце: љубезна, полна со љубов, сочувствителна и отворена“ наведе Путин во телеграма, јавија руски медиуми.

    Дугина загина во експлозија на возило во саботата вечерта. Нејзиниот татко на Запад го гледаат како еден од „мозоците“ на Путин.

    Video Player

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img