Камен темелник на погонот може да се очекува во август

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новата германско белгиска инвестиција во земјава ќе чини 20 милиони евра и ќе отвори најмалку 110 работни места претежно од инженерската струка и ќе донесе нова технологија, изјави на денешната промоција извршниот директор на компанијата „Eпсотех“, Аламави.

Реализацијата на инвстицијата ќе почне во август со градба на објект надвор од индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец, а се очекува и брзо да биде удвоена.

-„Eпсотех“ има 60 години искуство и со нас носиме многу вештини. Се надеваме дека тука ќе отвориме повеќе од 110 работни места кои ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка. Би сакале да почнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од приближно 20 милиони евра. Сакаме да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука, во Скопје, односно да работиме на отворање фабрика и нови машини – рече Аламави.

Тој напомена дека „Eпсотех“ е позната по тоа што работи по еколошки стандарди.

-Познати сме по тоа што користиме рециклирани материјали, не само наши, туку и од нашите клиенти, и од зелената и од сината економија. Ги рециклираме материјалите и од земјоделската гранка и од рибарството, им даваме нов животен циклус и играме многу важна улога во заштитата на животната средина и во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид. Овој начин на работа веќе го применуваме во Германија, користиме ветерна и соларна енергија. Веднаш кога ќе почнеме со планови за изградба на една постројка, правиме планови и за втора. Се надевам дека и тука ќе останеме со истата стратегија како досега – додаде тој.

Компанијата веќе има 6 подружници во Европа, пред македонската.

Share This Article