Се очекува Златан Ибрахимовиќ наскоро да добие функција во Милан, а според неговата последна објава на социјалните мрежи, работата е договорена.
Ибрахимовиќ објави своја фотографија и напиша: „тик так, тик так“.
Тоа е протолкувано како скоро враќање во Милан.
Според „Скај Спорт Италија“, Ибрахимовиќ се очекува да добие некоја оперативна улога во спортскиот дел на Милан.
Ќе има моќ да носи одлуки и ќе биде врска меѓу раководството на клубот и фудбалерите и стручниот штаб.