Каква опасност се крие во изјавата на Радев?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Поддршка за Македонија во ЕУ, но не и за македонизмот“ е водечката идеја на бугарската политичка и интелектуална елита во преговорите со Македонија, коишто се водат по ветото на нашите аспирации за членство во Европската Унија, вели за Плусинфо Марјан Ѓорчев, поранешниот амбасадор на Македонија во ЕУ.

Реакцијата на Ѓорчев доаѓа по вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев, кој при посетата во Германија изјави дека нема да дозволи македонизмот да влезе во ЕУ, како и идеите на Коминтерната и на бивша Југославија.

– Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот. Во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната – изјави Радев по средбите со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларот Олаф Шолц во Берлин.

Ѓорчев вели дека оваа теза воопшто не е нова и е добро осмислена.

– Во пресрет на потпшувањето на Договорот за добрососедство со Македонија, во Бугарија беше организирана широка дебата, во која може да се слушнат различни мислења. Имаше идеи од истакнати интелектуалци, кои говореа сè најдобро за Македонија, но за жал преовладаа мислењета кои можат да се сведат на тоа дека Бугарија ќе ѝ даде поддршка на Македонија за во ЕУ, но нема поддршка и за македонизмот – објаснува Ѓорчев.

Поранешниот амбасадор вели дека основата на бугарската идеја за Македонија е раната фаза на Средниот век и периодот на двете Бугарски царства. Тогаш во еден период од 130 години, македонските подрачја се под власт на бугарските цареви и тоа за нив е доволно за да кажат дека и денешните Македонци се Бугари.

– Небулоза е да се каже дека Македонија е продукт на Коминтерната (комунистичка интернационала). Коминтерната е укината на 1 мај во 1943 година, а Македонија е формирана на АСНОМ на 2 август во 1944 година. АСНОМ е најголемиот чин на македонската државотворност, а Македонија со сите атрибури на држава станува членка на југослoвенската федерација. Ние во ниту една ситуација не би смееле да се откажеме од ова наследство – дециден е Ѓорчев.

Тој препорачува преговорите со Бугарија да продолжат, но смета дека најголемата грешка од наша страна е направена во моментот кога е дадена согласнот за формирање на Заедничка комисија за историја и за заедничко чевствување на историските личности.

Македонскиот историчар Тодор Чепреганов открива во изјавата за Плусинфо, дека прв пат терминот „македонизам“ се јавува во 1871 година, во изданиејата на бугарскиот преродбеник и публицист Петар славејков.

- Advertisement -
Ad image

– Славејков пишува во една прилика дека „повторно се појавија македонистите. Многу пати сме слушнале од македонистите дека тие не се Бугари“. Под македонизам се подразбира национално освестени Македонци, свесни за својата нација, јазик и културата. На Радев му пречи ние во ЕУ да влеземе со македонизам, наместо како што тој би претпочитал со бугаризам – вели Чепреганов за Плусинфо.

За Чепреганов е неприфатливо и тоа дека Македонија треба да се ослободи од југословенското минато.

– Како тоа да се ослободиме од Југославија? Па ако се ослободиме од Југославија, тогаш ќе треба да се откажеме и од македонската државност. Тогаш ќе треба да признаеме дека до 1944 година сме биле Бугари – додава Чепреганов.

- Advertisement -
Ad image
TAGGED:
Share This Article