Обично Rh факторите на вашата крвна група не се проблем. Но, за време на бременоста, да се биде Rh негативен може да биде ризично ако вашето бебе е Rh позитивно.
Ако вашата Rh-негативна крв и Rh-позитивната крв на вашето бебе се измешаат, вашето тело ќе почне да произведува антитела кои можат да ги оштетат црвените крвни зрнца на бебето.
Ова може да предизвика бебето да развие анемија и други проблеми.
Крвта на секоја личност е еден од четирите главни типови: А, Б, АБ или О.
Крвните групи се одредуваат според типовите на антигени на крвните клетки.
Антигените се протеини на површината на крвните клетки кои можат да предизвикаат одговор на имунолошкиот систем.
Rh факторот е вид на протеин на површината на црвените крвни зрнца.
Повеќето луѓе кои имаат Rh фактор се Rh-позитивни, а оние кои го немаат се Rh-негативни.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.