More

    Како точно се нарекува Вагнер групата приватна војска на Владимир Путин?

    spot_img

    Обединетото Кралство воведе нови санки за поединци поврзани со Русија. Меѓу нив е и групата Вагнер.Организацијата е група платеници првпат идентификувани во 2014 година кога ги поддржуваше проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина.

    Оттогаш, тие се вклучени во бројни конфликти во други региони, како Сирија, Мозамбик, Судан и Централноафриканската Република. Оваа паравоена група е опишана како приватна војска на Владимир Путин.

    Групата наводно имала задача да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Во својата изјава за новите санкции, британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја опиша групата како „најмени насилници“, велејќи дека тие, заедно со олигарсите и компаниите, биле „учесници во убиствата на невини цивили и дека е праведно да се плати за тоа. “.

    Официјално, нема врски меѓу групата Вагнер и руската влада. Владата негира каква било поврзаност со групата, а самата група легално не постои бидејќи приватните армии во Русија се нелегални.

    Се верува дека групата Вагнер ја основал Евгениј Пригожин, богат бизнисмен поврзан со Путин. Пригожин, сепак, секогаш негирал каква било поврзаност со Вагнер, пишува Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img