Како се изјасни Миљана Кецмановиќ?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Вишиот суд во Белград денеска заврши испитувањето на Миљана Кецмановиќ, мајката на момчето Коста Кецмановиќ кое на 3 мај минатата година уби 10 лица, а продолжува судењето на неа и на нејзиниот сопруг, објави српски Пинк.

Ова судење е затворено за јавноста, па затоа не се познати деталите за нејзиното сведочење.

Миљана Кецмановиќ ја негираше вината.

По паузата што ја одреди судијата, третообвинетиот Ратко Ивановиќ треба да почне да ја изнесува својата одбрана.

Ивановиќ е сопственик на стрелиштето каде што малоленикот наводно учел да стрела, а обвинението го товари за кривичното дело „Давање лажна изјава“.

Миљана Кецмановиќ на претходното судење ја изнесе својата одбрана, негирајќи ја вината, и почна да одговара на прашања од членовите на семејствата на убиените и на ранетите кои имаат статус на оштетени во овој случај.

Таа – како и нејзиниот сопруг, Владимир Кецмановиќ – одби да одговори на прашањата на претставникот на оштетените. И Владимир Кецмановиќ од почетокот на судењето негира вина.

Во овој случај, судот го затвори судењето за јавноста поради заштита на интересите на малолетните жртви.

Покрај Кецмановиќ, обвинети се и инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде што се сомничи дека малолетниот Коста научил да пука.

- Advertisement -
Ad image

Таткото на момчето е обвинет дека сторил „Тешко кривично дело против општата безбедност“ бидејќи одвел 13-годишно дете на стрелиште и го научил да пука, како и дека не го чувал соодветно оружјето во куќата.

Момчето Коста, кое во моментот на ова кривично дело сѐ уште немало 14 години и затоа не одговарало кривично, со два пиштола на татко му, што ги зел на 1 мај, ги застрелал своите пријатели. Потоа ги ставил пиштолите во ранецот, отишол на училиште и на првиот час убил 10 луѓе, а повредил уште 5 деца и наставник по историја.

Share This Article