More

    Како расте цената на струјата, така расте продажбата на нелегално дрво

    spot_img

    Интересот е ист како лани за купување огревно дрво и граѓаните почнаа со време да склучуваат договори за купување на рати преку прилепската подружница „Црн бор“ на ЈП „Нацвионални шуми“. Досега се склучени договори за околу 2.500 кубни метри просторно дрво.

    Но, како што објаснува директорот на прилепската подружница Пецо Јовевски, се зголемува побарувачката на нелегално дрво и граѓаните се „лажат“ за некои пониски цени.

    – Веќе склучивме договори со правни и физички лица, со граѓанството, за огревно дрво за идната сезона. Веќе е потпишано за околу 2.500 просторни метри огревно дрво. Нешто е договорено со правни субјекти. Речиси е на ниво од лани со околу 10-тина отсто повеќе. Кај нас побарувачката не е зголемена, но е зголемена кај нелегалното дрво, кај кражбите и нелегалната сеча. Колку што ние сечеме, речиси толку има дрвократство. А прилепската подружница сече околу 10.000 метри кубни дрво – вели Јовевски.

    Дрвократството е најголемо во прилепската општина. Лани се запленети 350 кубни метри огревно дрво, но ги има четирипати повеќе. Во Долненско тоа е дури десет пати повеќе. Повисоките цени на струјата го зголемија дрвократството, а голем „пријател“ на крадењето дрва е менталитетот дека со нив граѓаните поевтино ќе си поминат.

    – Она што не е фатено е многу повеќе. Сигурно четирипати повеќе. А во Долненско и десетпати повеќе. На териториите на другите општини, Кривогаштани и Долнени каде стопанисуваме како претпријатие, таму ситуацијата е страшна. Со зголемувањето на цената на струјата, дрвокрадството оди линеарно нагоре. Голем проблем е и менталитетот на луѓето кои се залажуваат да купат огревно дрво на диво, што го подгрева дрвократството. Но, граѓаните со тоа губат – не добиваат колку што платиле дрвна маса иако поевтино, а и голема е опасноста да им биде одземено како нелегално – објаснува Јовевски.

    За сузбивање на дрвократството неопходни се почести контроли, пристапот на контролирањето и повеќе акции.

    – Помагаат и полицијата, шумската и пограничната полиција. Дрвокрадството зема голем замав. Решението е во поригорозни казни. Иако се запленуваат возила, тие се нерегистрирани, сторителот бега, па пријавата е против непознат сторител. Добра беше акцијата „Гора“ и треба да се продолжи во повеќе наврати – смета Јовевски.

    Инаку, прилепската општина е најголема според територијата во државава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img