More

    Како пропадна вакциналната цел за оваа година?

    spot_img

    Глобалната цел, која наложуваше 70 отсто од светското население да се вакцинира против коронавирусот до средината на оваа година, не успеа бидејќи посиромашните земји почнаа многу подоцна со вакцинација, велат активистите на оваа кампања.

    Последните податоци на организацијата „Our World in Data“ покажаа дека постои голема разлика во стапките на вакцинација меѓу земјите, при што секое седмо лице во земјите со ниски приходи е целосно вакцинирано, додека бројката е многу поголема во развиените земји.

    Активистите ги повикуваат сите да вложат дополнителни напори за да се зголеми употребата на вакцини, да се спречи ширењето на вирусот на глобално ниво и да се спречат нови варијанти. Повикот дојде откако СЗО оваа недела соопшти дека бројот на инфекции во Европа е тројно зголемен, додека бројот на хоспитализирани е двојно зголемен.

    – Доколку немаме фер пристап во решавањето на пандемијата, таа секогаш ќе остане меѓу нас. Вирусот покажа дека е способен да мутира и лесно може да стане поопасен – вели Кавенго Матунду, координатор за Африка во организацијата која се бори против сиромаштијата во светот.

    Луѓето во развиените земји почнаа да примаат вакцини во 2020 година, додека земјите со ниски стандарди мораа да чекаат месеци за првите испораки. Најголем дел од тоа го добија преку меѓународната програма КОВАКС и од донации од побогатите земји.

    Кога ги примија вакцините, многу од нив беа блиску до истекување или недоволно да ги исполнат сите барања во здравствените домови.

    Појавата на нови варијанти, особено сојот делта, ја прошири идејата дека вакцините се неефикасни.

    – Колку и да се шири оваа наивна приказна, кога бранот ќе го достигне врвот, не може да сметате на богатите земји да им помогнат – изјави основачот на „Народната алијанса за вакцинација на југот“, Маза Сејум.

    Тој додава дека разликата во стапките на вакцинација создала чувство кај луѓето во сиромашните земји дека некои животи се поважни од другите, пишува Гардијан.

    – Пандемијата и придружната економска криза турна повеќе од 100 милиони луѓе во сиромаштија. Ова доведе до фактот дека луѓето треба да работат повеќе за да ги прехранат своите семејства и претпочитаат да го изберат тоа, наместо да чекаат ред за вакцинација – вели тој.

    Африка има најмал процент на вакцинирани луѓе

    Земјите во Африка имаат најниски стапки на вакцинација, а некои од нив, како Еритреја и Северна Кореја, допрва треба да започнат програма за вакцинација на населението.

    Сејум вели дека КОВАКС е убава идеја изградена на меѓународна солидарност, но дека не успеала поради алчноста и лошото планирање, така што пропаднале многу вакцини поради рокот на траење.

    Последните податоци кои го опфаќаат периодот од почетокот на годината до 9 јуни покажуваат дека Канада, Австралија и Велика Британија купиле доволно вакцини за неколку пати да го вакцинираат целото население. За споредба, Јужна Африка можеше да си дозволи вакцини само за половина од населението, поточно околу 0,5 вакцини по лице. Набавката на 330 милиони вакцини за Африканската унија беше доволна за покривање на една петтина од вкупното население.

    Африканската унија и КОВАКС одбија да купат вакцини од „AстраЗенека“ бидејќи има пократок рок на траење од „Модерна“ и мора да се чува на многу ниски температури, што е многу тешко во африкански услови.

    Д-р Фифа Рахман вели дека повеќе луѓе од земји со низок стандард треба да бидат вклучени во дискусиите за воведување вакцини.

    – Нелогично е неколку њујорчани во една соба да носат одлуки за Африка – вели таа.

    Сејум вели дека богатите земји продолжуваат да мислат дека ќе излезат од пандемијата само ако се заштитат, но тоа не е точно.

    – Звучи банално, но како што рече шефот на СЗО минатата година: „Никој не е безбеден додека не сме сите безбедни“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img