More

    Како последица на тајфунот на Филипините, 21 лице загина, 9 морнари се водат за исчезнати во Тајван

    spot_img

    Тајфунот Гаеми, кој во изминатите неколку дена беснееше низ Филипините, ноќе го пустошеше и Тајван. Најмалку 21 лице загина на Филипините, двајца во Тајван, а 9 морнари се уште се водат како исчезнати.

    Тајфунот Гаеми ги опустоши Филипините и Тајван.

    Сликите од островот покажуваат уништени патишта, соборени дрвја и поплави, а спасувачите чекаат подобри временски услови за да бараат девет исчезнати морнари откако потона товарен брод во јужен Тајван, пренесува германската новинска агенција dpa.

    Во невремето потона товарен брод кој пловел под знамето на Танзанија, соопштија денеска надлежните органи, додавајќи дека временските услови се уште не дозволуваат операција за пребарување.

    Во Тајван денеска затворени се канцелариите и училиштата, а околу 87.000 домаќинства утрово сè уште немаа струја. И берзата е затворена втор ден по ред. Поради лошото време откажани 400 летови, проблеми има и во железничкиот транспорт.

    Центарот на тајфунот сега се наоѓа над Тајванскиот теснец, бурата ќе стигне до Кина до вечер, јавува и dpa.
    Како последица на тајфунот на Филипините, 21 лице загина, 9 морнари се водат за исчезнати во Тајван
    Тајфунот Гаеми, кој изминативе неколку дена беснееше низ Филипините, ноќе го опустоши Тајван. Најмалку 21 лице загина на Филипините, двајца во Тајван, а 9 морнари се уште се водат како исчезнати.

    Сликите од островот покажуваат уништени патишта, паднати дрвја и поплави, а спасувачите чекаат подобро време за да бараат девет исчезнати морнари откако товарен брод потона во јужен Тајван, јавува германската новинска агенција dpa.

    Товарен брод кој пловел под знамето на Танзанија потона во невреме, соопштија денеска надлежните органи, додавајќи дека временските услови се уште не дозволуваат операција за пребарување.

    Според последните податоци, најмалку 21 лице загина во поплави, свлечишта и други катастрофи на Филипините, соопшти денеска локалната полиција. Во Тајван две лица загинаа, а уште 279 се повредени.