Како последица на невремето и катастрофалните поплави во Словенија загинале три лица

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како последица на невремето и катастрофалните поплави во Словенија загинале три лица, според досегашните податоци. Еден словенечки државјанин загинал во областа Камник, а двајца холандски државјани на планините во областа Крањ. Околностите на смртта сѐ уште се утврдуваат, потврдија од полициската управа.

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, им изрази поддршка на роднините на загинатите и на настраданите во невремето, уверувајќи дека „се преземаат сите неопходни мерки за заштита на луѓето кои се можни и остварливи во овој момент“.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб, истакна дека безбедноста на жителите е на прво место. Попладне ќе се сретне со претставници на Штабот за цивилна заштита, а за в сабота го свика и Советот за национална безбедност. После тоа ќе се состане и Владата, соопштија од кабинетот на премиерот.

Состојбата со поплавите во Словенија ја следи Европскиот центар за координација на реакции во вонредни ситуации. Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич најави дека ЕУ е подготвена да го активира механизмот за цивилна заштита за Словенија.

На терен се 250 војници со сета можна опрема, активирани се сите сили за заштита и спасување, доколку нема друг начин ќе бидат спасени со медицински оклопни возила, изјави министерот за одбрана Марјан Шарец.

Во првите 12 часа наврна рекордно количество дожд, на места околу 200 литри дожд на метар квадратен.

Се очекува и поплавување на Крка, Сава, Драва и Дравиња, Савиња, излевањето на Сава на излез од државата веќе беше рекордно во 13 часот.

Во Цеље, поради надојдената Савиња, евакуирани се жители на одредени делови на градот од двата брега на реката, вклучително и целиот стар град.

Во централна Словенија имаше големи проблеми. И во Љубљана се огласи сирената за опасност, реките Сава и Градашчица поплавија неколку куќи.

- Advertisement -
Ad image

Водата однесе мостови во Камник, поплави приватни објекти и јавни установи, градинките беа затворени, а сите патишта веќе утрото беа непроодни. Вонредна состојба е прогласена и во Коменда, која рано утрото веќе беше под вода. Населението е евакуирано од подрачјето на Личничката котлина во општина Медводе.

Поради обилните врнежи под вода се многу згради во Идрија, меѓу кои и индустриски погони. Во моментов најголема закана во областа се свлечиштата кои предизвикаа целосно затворање на многу патишта.

Share This Article