More

    Како одговорија македонските граѓани на анкетата по повод 75 години НАТО?

    spot_img

    Малку повеќе од третина од граѓаните во Македонија, односно 35 отсто, се сложуваат земјата да се приклучи во одбрана на друга НАТО-членка во случај да биде нападната. Наспроти оваа група, 40 отсто граѓани се против. На 75-годишнината од Алијансата анкета била спроведена во сите 32 земји членки, пишува Гласот на Америка.

    Македонските граѓани одговориле под просекот во НАТО за некои прашања. На пример, 69 отсто сметаат дека НАТО е важен за безбедноста на државата, за разлика од просекот на останатите членки каде 73 отсто од граѓаните сметаат дека тоа е така.

    Случно е и кај прашањето „како би гласале на референдум за членство во НАТО“ при што 64 отсто од прашаните во земјава рекле дека би се произнеле со „да“, што е под вкупниот просек од 70 проценти кај останатите членки.

    Од друга страна, Македонија има највисок процент на испитаници од сите земји-членки – 27 отсто кои одговориле дека земјата треба да троши помалку на одбраната.

    Земјава, исто така, има најголем процент на граѓани кои се изјасниле дека руската агресија врз Украина нема влијание врз националната безбедност – дури 61 процент одговориле така, наспроти 33 кои сметаат дека војната се одразува врз сигурноста на Македонија.

    Испитаниците во земјава покажале и недоверба во домашните медиуми за известувањето за војната во Украина – 56 отсто рекле дека немаат доверба, а 37 дека имаат, а 7 проценти одговориле дека не знаат. Вкупниот просек во НАТО-земјите е 44 проценти доверба.

    Повеќе од половина од прашаните во земјава – 51 процент рекле дека не се согласуваат со продолжувањето на поддршката за Украина. 41 процент рекле дека таа аситенција треба да продолжи.

    Истражувањето покажува и дека во НАТО-членките се намалува негативната перцепција на граѓаните за Русија. Иако големото мнозинството – 62 отсто не гледаат позитивно на Русија, тој процент е помал во однос во 2022 кога изнесувал 68 отсто.

    Анкетата, која теренски и телефонски се вршела во сите 32 земји членки на НАТО со вкупно 31.386 испитаници покажува конзистентност во мислењето на граѓаните, 60 отсто, дека нивните држави се побезбедни како резултат на соработката меѓу северноамериканските и европските НАТО членки.

    Тука Македонија е над просекот со 62 проценти кои одговориле со „да“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img