Јазикот потекнува од различни делови на мозокот. Научниците докажаа дека тие се поинаку поврзани во зависност од мајчиниот јазик. Ова знаење може да биде корисно за закрепнување на пациенти кои имале мозочен удар.
Кога некој слуша арапски, мора да внимава дали некој рекол „китаб“ (كتاب) (книга) или „катиб“ (كتاب) (писател)? Двата збора имаат ист корен k-t-b ( ب – ت – ك) , што е вообичаена комбинација на арапски. За разлика од него, некој чиј мајчин јазик е германскиот мора да внимава на структурата на реченицата. Има глаголи чиј префикс се изговара само на крајот од реченицата – дури тогаш речениците го добиваат значењето што сака да го пренесе говорникот.
Арапскиот и германскиот јазик се сосема различни. Научниците си го поставија прашањето дали овие разлики оставаат трага и во мозокот на говорникот. Одговорот го побарале во Институтот за когнитивна наука и невронаука Макс Планк во Лајпциг. Докторантот и главен автор на проектите Суеху Веи работеше со 47 Арапи и Германци во научно истражување. Овие луѓе не пораснале двојазично, па имаат само еден мајчин јазик. Сите зборуваа само по малку англиски.
Скенирањето на мозокот покажува разлики
Со помош на магнетна резонанца томографија (МТР), која го скенира мозокот со висока резолуција и ги покажува врските на нервните влакна, научниците успеаја да утврдат кои региони на мозокот се добро поврзани едни со други. „Резултатот многу не изненади, бидејќи мислевме дека јазикот е универзален“, вели Алфред Анвандер, научен соработник во невропсихологијата на Институтот и коавтор на истражувањето. „Мислевме дека местото во мозокот каде што се обработува јазикот и јачината на врската помеѓу мозочните региони се независни од јазикот за кој станува збор.
Кај луѓето кои зборувале арапски како мајчин јазик, левата и десната половина на мозокот биле посилно поврзани. Исто така, темпоралните лобуси беа посилно поврзани со скалпот.
Центар за говор и значење
Тие делови од мозокот се одговорни за изговорот и значењето. Арапскиот говорител треба да се фокусира на она што е кажано и на значењето на она што го слушнал.
Кај луѓето чиј мајчин јазик е германскиот, научниците откриле посилни врски во левата хемисфера на мозокот, која е одговорна за граматичката структура на реченицата. Затоа Германците можат без проблем да разберат многу сложени реченици. „Нашето истражување донесе нови сознанија за тоа како мозокот се прилагодува на когнитивните барања – тоа значи дека нашата јазична структурна мрежа е проткаена со мајчин јазик“, вели Анвандер.
Истражувачкиот тим нагласува дека овие разлики не носат ниту предности, ниту проблеми: „Врската е едноставно различна, ниту подобра ниту полоша“, вели Анвандер.
Ова знаење би можело да помогне во лекувањето на последиците од мозочниот удар, меѓу кои е и нарушувањето на способноста за зборување. Може да се развијат различни терапии за луѓе кои зборуваат различни јазици доколку се знае дека центарот за обработка на јазици е поинаку конфигуриран. „Покрај тоа, ќе биде многу интересно кога истражувањето ќе се прошири и на други јазици“, вели Анвендер. Во друга студија, германски, англиски и кинески беа споредени во Институтот. Сè уште се чекаат резултатите.
Нови методи за учење јазик
Вториот чекор од тековното истражување ќе донесе анализа за тоа што се случува во мозокот кога луѓето кои зборуваат арапски како мајчин јазик учат германски. Авендер верува дека исто така ќе биде многу интересно – да се воспостави промената во мрежата на врски во мозокот при учење на втор јазик.
Знаењето на крајот може да послужи за олеснување на учењето странски јазици. Сепак, научниците велат дека за такво нешто се потребни многу повеќе истражувања и дека наскоро нема да се појави скенер за мозок кој би го пресметал најлесниот начин поединецот да го совлада втор јазик. Дотогаш луѓето ќе учат странски јазици како и досега.