More

    Како да знаете дека шеќерот е истечен? Ова се знаци дека шеќерот се влошил

    spot_img

    Шеќерот е храна која сите ја имаме во домот и една од оние намирници кои најчесто ги купуваме во големи количини, па затоа поминува неколку месеци на полиците во кујната. Затоа, добро е да знаете дека шеќерот не истекува, но тоа не значи дека ќе биде свеж како што поминуваат месеците…

    Гранулираниот бел шеќер навистина има неограничен рок на траење, особено ако се чува на суво, темно место. Освен тоа, шеќерот е ефикасен конзерванс, а бидејќи добро ја впива влагата од храната, често е клучна состојка во мариноването, пишува RealSimple.

    Како знаете дека шеќерот се влошил?
    Иако шеќерот можеби нема рок на траење, тој може да е загаден со штетници, влага и други супстанции кои би можеле да влијаат на неговиот квалитет или да го направат небезбеден за употреба. Покрај тоа, шеќерот може да апсорбира мириси и вкусови.Многу организации за безбедност на храната препорачуваат да фрлите кесичка шеќер по две години, но доколку не забележите промена во мирисот или квалитетот, стариот шеќер ќе делува подеднакво добро како и новото кесиче шеќер.

    Што е со кафеавиот шеќер?
    Кафеавиот шеќер има репутација на расиплива стока, а во овој случај најмногу се однесува на фактот дека многу се стврднува кога е изложен на воздух. Херметичкиот контејнер многу помага во спречување на ова.

    Доколку ви се стврдне кафеавиот шеќер, можете кратко да го ставите во микробранова печка или да го измешате со неколку капки вода и ќе го омекне шеќерот.

    Се препорачува кафеавиот шеќер да се чува во херметички сад и да се користи во рок од две години за оптимална свежина и вкус. Покрај тоа, кафеавиот шеќер можете да го чувате во замрзнувач, но имајте на ум дека ќе мора да го одмрзнете неколку часа пред да го користите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img