Харизматичните луѓе се однесуваат како харизмата да е нешто што лесно се постигнува. Но, тоа е вештина што се учи и развива како и секоја друга во животот, според експертите. Комуникологот Хенрик Крајевски од Торонто, Канада, смета дека харизмата не е недостижна.
– Тоа и не е магија. Не е толку тешко да се покаже или да се има харизма. Всушност, секој може да научи да биде харизматичен, без разлика на личноста или на стилот. Харизма е да можеш да се поврзеш со луѓето, а луѓето да се инспирираат можејќи да се идентификуваат со тебе. Тоа е крајната техника на убедување и… воопшто не е техника – појасни д-р Крајевски.
За таа цел, според стручните совети, треба „да се покаже и ранливост“, пишува „Бест лајф“ (Best Life).
– Да се биде отворен и искрен за своите недостатоци е многу делотворен начин да се всади доверба и допадливост кај другите… Многу докази ги поддржуваат позитивните ефекти од ранливоста. Тоа значи дека вашата ранливост го зголемува чувството на доверба, безбедност и здрав морал… Да се биде лидер кој споделува страв, исцрпеност и фрустрација, заедно со радоста и со гордоста, може да овозможи и другите да се чувствуваат безбедно да ги откријат своите емоции. Покрај тоа, вработените ќе ви препишат храброст, т.е. харизма, што не е широко прифатено. Значи, кога ја раскажувате таа приказна за неуспех или признавате разочарување по некое тешко тримесечје, создавате нешто реално и различно за вработените – вели д-р Крајевски.
„Вистинската искреност и автентичност ќе ги натера луѓето да гравитираат кон вас“.
Ова е советот на професорот по Организациска психологија на Колеџот „Клермонт Меккена“ во САД, д-р Роналд Риџо.
– Харизмата е збир на вештини. Земете го Мајкл Џордан како пример… Може(ше) да игра на кошаркарскиот терен и да промашува шутеви, но ако некој го предизвикаше на натпревар, тој „ќе ги погодеше“ сите. Тоа не значи оти тој глуми дека не игра. Харизматичната личност е навистина сакана и интересна емотивна компонента којашто е многу тешко да се лажира, вели проф. Риџо.
И д-р Вебер Коучинг се согласува дека со покажување на своите недостатоци, им дозволувате на луѓето да се зближат и да се поврзат со вас.
– Харизматичните луѓе не се плашат да се отворат. Тие не бараат одобрување од другите и не целат да изгледаат совршено – истакна д-р Коучинг.
Всушност, и искуството и истражувањата покажуваат дека за луѓето, попривлечни се оние поединци кои имаат недостатоци одошто оние што глумат „совршенство“ во животот, се потцртува во написот.