Како да исчистите кујнски сунѓер од бактерии

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Менувањето на сунѓерот на секои две недели ќе го спречи ширењето и растот на бактериите. Треба да ги замените и ако имаат непријатен мирис или ако почнат да се распаѓаат.„Ако се валкани, сунѓерите можат да шират бактерии на сè што ќе допрат, од садови и прибор до кујнски површини и апарати“, вели Џенилин Хачингс, сертифициран експерт за безбедност на храна од САД.

Методи за чистење на сунѓер
Лабораторијата за технологија и безбедност на храната АРС на Одделот за земјоделство на Соединетите Држави (USDA) идентификуваше два методи кои функционираат за дезинфекција на кујнски сунѓер и по што можете повторно да го употребите сунѓерот.

Секоја вечер ставете кујнски сунѓер на горната полица во машината за миење садови, вели Џенифер Квинлан, д-р, професорка на Катедрата за наука за храна на Универзитетот Дрексел. Топлината истовремено го дезинфицира сунѓерот и вашите садови.

Микробранова печка
„Проверете дали сунѓерот е влажен, ставете го во микробранова печка и чувајте го внатре една минута. Ќе видите како пареа излегува од него“, рече Квинлан. Овие два методи се 99 отсто ефикасни во уништувањето на бактериите присутни во сунѓерите.

Кога да фрлите сунѓер?
Во одреден момент треба да фрлите сунѓер. Две недели се прилично добар животен век за типичен кујнски сунѓер, вели Хачингс.

„Ако го менувате на секои две недели, ќе спречите ширење и раст на бактерии. Треба да ги замените и ако имаат непријатен мирис од кој не можете да се ослободите или ако почнат да се распаѓаат“, рече Хачингс.

Сепак, една студија од 2017 година тврди дека чистењето на кујнските сунѓери не ги убива добро бактериите. Можеби е подобро да менувате сунѓери секоја недела отколку да се обидувате да ги исчистите, пренесува 24сата.

Share This Article