Има многу познати личности кои починале неочекувано, многу пред да наполнат старост. Не можеме а да не се запрашаме, како би изгледале кога би биле живи денес?
Сега добивме шанса да видиме како. Со помош на технологијата за вештачка интелигенција, фотографот и адвокат Алпер Џесилтас создаде серија слики наречени Како ништо да не се случило, кои навидум ги враќаат во живот иконите на поп културата. Познатите личности, вклучувајќи ги Хит Леџер, Фреди Меркјури, принцезата Дијана и Курт Кобејн, стареат во неговите слики на начин што изгледа неверојатно веродостојно, пренесува City Magazine.
Џесилтас е возбуден за можностите на вештачката интелигенција. Покрај тоа, тој верува дека „сè што може да се замисли може да се покаже како реално“, а тоа го инспирирало да почне да експериментира со оваа технологија.
„Кога почнав да се занимавам со технологијата, видов многу можности и размислував што ќе ме направи најсреќен, а потоа открив дека би сакал повторно да видам некои од луѓето што ми недостигале“, изјави тој за сајтот My Modern. Мет.
Џесилтас користи различен софтвер за креирање на неговите слики, главно Remini, Lightroom и VSCO.