Помладата сестра на најпознатата старлета во светот, Ким Кардашијан, Кајли Џенер остави прилично силен впечаток кога вчера во Париз се појави со огромна лавовска глава закачена на црн фустан, кој го носеше на ревијата на Скиапарели, во склоп на Неделата на висока мода.
Дваесет и пет годишната реалити ѕвезда успеа да ги привлече сите погледи кон неа поради огромната глава на кадифеното животно.
Така, лажното животно беше сошиено на предниот дел на шик црниот кадифен фустан, кој имаше модерен дизајн без прерамки.
Хипер-реалистичната лажна животинска глава била сошиена на предниот дел на модерен црн кадифен фустан без прерамки, кој ја истакнува нејзината фигура и облини. Кајли изданието го комплетирала со пар златни чевли и чанта од змиска кожа.
Токму фустанот што го носела е парче на брендот Скиапарели, а такви парчиња на модната писта носеа Ирина Шајк, Наоми Кемпбел и Шалом Харлоу.
Брендот претстави фустани кои на себе имаа три извезени животни – леопард, лав и волчица.
Тие на Инстаграм напишаа дека трите животни претставуваат страст, ароганција и алчност во иконската алегорија на Данте, што истовремено треба да биде метафора за сомнежот и креативните маки што ги доживуваат сите уметници, вели креативниот директор Даниел Роузбери.
Тие нагласија и дека се работи за вештачки животни кои се рачно направени со вештачко крзно од пена, смола, волна и свила и се рачно насликани за да изгледаат што пореално.