Ријалити ѕвездата и милијардерка Кајли Џенер се соочува со огромна загуба на следбеници на Инстаграм откако ја „исмејуваше“ пејачката и актерка Селена Гомез.
До неодамна, најпопуларната жена на Инстаграм изгуби речиси милион следбеници на Инстаграм за само неколку дена, а сето тоа поради конфликт со Селена која и ја одзеде таа титула пред неколку дена.
Причината е драмата помеѓу неа, Хејли Бибер (сопруга на поранешното момче на Селена, Џастин Бибер) и Селена Гомез. Се започна на 22 февруари кога милиони фанови заклучија дека Хејли и Кајли на социјалните мрежи ја исмејувале Селена поради нејзиниот изглед. Тоа беше истиот ден кога Селена ја симна Кајли од тронот како најследена жена на Инстаграм.
Во меѓувреме, се појави и видео на кое Хејли Бибер се непростоен гест се потсмева на албумот на Тејлор Свифт, во чија одбрана застана Селена Гомез. Инаку, Тејлор и Селена се најдобри пријателки.
Наскоро на социјалните мрежи започна вистинска војна помеѓу обожавателите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена Гомез и почнаа да ги повикуваат другите да ја заследат на социјалните мрежи, а да ги отследат Кајли и Хејли. Бројот на нивните следбеници брзо почна да опаѓа за стотици илјади луѓе, додека Селена отиде од 381 милион на над 389 милиони.