More

    Кај и да си, за Нова година ќе ти се дупне џебот

    spot_img

    Дома во ресторан, некаде во хотел, во изнајмен стан или во викендичка, а некој и во странство. Како и секоја година, така и оваа, граѓаните ги избираат сите можности за дочек на новогодишните и божикните празници. Колку ќе потрошат зависи од џебот и од желбите. Цените се повисоки од ланските и се различни, почнувајќи од  изборот на локацијата за дочек на НОвата година, до менито и изборот на музиката.

    – Да, скапо е речиси во сите ресторани во Скопје, но изгледа сите мислиме дека ќе ни тргне подобро, ако на 31 декември и 1 јануари од новата година бидеме надвор од дома, колку да нѐ фати подобар воздух и во очекување на подобри денови од овие што ги минуваме годинава. За двајца, само за една ноќ, во старт треба да се издвојат најмалку 100 евра. Ако те понесе атмосферата и ако посегнеш по повеќе чашки, може да потрошиш и многу повеќе. Гледам ресторани во кои има повисоки цени, бидејќи се сметаат за луксузни. Но, јас избрав просечен – вели еден скопјанец.

    Хотелските капацитети во туристичките центри веќе се распродадени, освен одделни соби кои се чуваат за одлуки во последен момент. Цените за тридневни пансиони достигнуваат 300 евра во Охрид, Маврово и во Попова Шапка. Во дел од нив се организира одделен дочек на Нова година со посебна свечена вечера, која е во рамките на просечната цена актуелна годинава во земјава и се движи од 30 до 100 евра по човек, а за тоа се добива неограничен пијалак, добра храна и забава со пејачи или ди-џеи.

    Цените во скопските ресторани се речиси идентични и се движат во просек од 2.299 денари до 3.000 денари по човек на коњопои. Цената на ВИП-картите се движи од 2.699 денари и ултра-ВИП од 2.999 денари по човек, со по едно до две шишиња пијалак.

    Во дел од рестораните се нудат и простории за седење на маса, за кои цената е 2.399 денари, со што оди и ордевер и дополнително се одбира пакет пијалак по цена која е различна. Има и поволности за првите 100 резервации, кои се нудат за цена од 1.999 денари, но тие одамна се потрошени.

    Граѓаните кои сакаат поинтимна атмосфера со избрано друштво деновиве изнајмуваат станови во Скопје и викендички во зимските центри, а дел од нив одат во сопствените станови и викендички во овие центри.

    Цените на становите кои се изнајмуваат во Скопје само за дочек на Нова година се колку за изнајмување за цел месец. Се движат од 250 евра за една ноќ, па сѐ до 500 и повеќе евра, зависно од големината на станот и комфорот што се им нуди на тие што ќе слават и од тоа во кој дел од Скопје се наоѓаат. На активните огласи за вакво изнајмување можат да се видат и фотографии од становите, а одделни изнајмувачи дозволуваат и посета на станот пред да се направи изборот. Дел од нив нудат и договор во кој се утврдува што е и што не е дозволено, како и начинот на плаќање.

    Граѓаните велат дека е скапо, но дека кога ќе го поделат износот за изнајмување и другите трошоци сепак им се исплати.

    – Со друштвото (8 луѓе) изнајмивме стан во Скопје. Малку е скапичко 300 евра за една ноќ, но мислам дека ќе поминеме убава вечер, бидејќи не ги сакаме стандардните прослави по ресторани, а колку што прочитав, годинава нема многу да биде интересно ниту на плоштадот. Поголемите станови се и поскапи, но и друштвата се поголеми – вели Илија А.

    Дел од граѓаните кои сакаат Новата година да ја дочекаат во зимска идила, а сепшак сакаат да заштедат, избираат викендички.

    Изнајмувањето на викендичка во Маврово на пример во која можат да се сместат 8 луѓе и да престојуваат од петок до понеделник чини 350 евра. На Попова Шапка, пак, поголемиот дел од викендичките се издадени за Нова година, но оние кои сè уште се нудат за периодот од 1 до 6 јануари чинат од 52 до 315 евра за ноќ, во зависност од бројот на гости.

    – Со пријателите, семејно, со нашите деца, одиме во Маврово. Сите сме љубители на скијањето и верувам ќе поминеме убав викенд. Викендичката веќе ја знаеме, ги знаеме и сопствениците. Цените за изнајмување викендички за дочекот на Новата година во Маврово е 100 евра за ноќ – вели Александра А. од Скопје.

    Граѓаните кои годинава се определија да одат во странство имаат плаќаат различни цени. За дочек во главните градови во Европа каде што е организиран на отворено се плаќа само патувањето и евентуалното сместување. Дочек во Истанбул или во Будимпешта можеше да се најде за 199 евра, но има и петдневни патувања за Париз, Истанбул, Анталија, Рим, за кои треба да се издвојат од 139 до 800 евра.

    Граѓаните кои ќе останат дома за дочекот ќе потрошат колку што планирале. Со овие цени, нема да им биде лесно и на нив.

    Но, таква е традицијата – никој не е сигурен дека 1 јануари ќе осамне, па затоа мора да се чека и да се дочека.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img