Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на социјалните мрежи објави дека градот Северодоњецк го зазеле руски доброволци од Чеченија, кои војуваат во војската на самопрогласената Луганска Народна Република.
Борбите за Северодоњецк продолжуваат, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
„Користејќи артилерија, руските сили извршија јуришни операции во областа на градот Северодоњецк. Борбите продолжуваат“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Од непотврдени извори се наведува дека руските и проруските сили веднаш започнале со офанзива во правецот на градот Славјанск.