Снимката од лидерот на руската Чеченска република Рамзан Кадиров како вози пикап Сајбертрак од компанијата „Тесла“ на кој е монтиран голем митралез го обиколи интернетот. Кадиров тврди дека возилото му го испратил лично милијардерот Илон Маск, сопственик на „Тесла“.
„Добив сајбер камион Тесла од почитуваниот Илон Маск. Со задоволство ја тестирав новата опрема и лично се уверив дека не случајно се нарекува сајбер ѕвер. Илон, ти благодарам. Дојди во Грозни, ќе те примим како мој најмил гостин“, напиша Кадиров на Телеграм.