Кадиров ги открива плановите на Кремљ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека Москва ќе ги постигне своите цели во Украина до крајот на годината, а во нив спаѓаат, меѓудругото, и освојување на градовите Киев, Одеса и Харков.

Во интервју емитувано на главниот канал на државната телевизија Росија-1, тој рече дека Русија има сила да го преземе главниот град Киев, од кој беше протерана во првите недели од војната, и оти мора да го преземе вториот украински град Харков, како и главното украинско пристаниште Одеса.

– Верувам дека до крајот на годината стопроцентно ќе ја завршиме задачата што ни беше поставена денеска – рече Кадиров.

Силите на Кадиров одиграа значајна улога во војната во Украина по инвазијата на Русија пред речиси една година, и тој склучи неформален сојуз со водачот на платениците од групата Вагнер, Евгениј Пригожин и другите националисти кои ја поддржуваат војната.

Share This Article