More

    Кадиров е во кома, тврди украинската тајна служба: Неговиот помошник го објави видеото

    spot_img

    Кадиров е во кома, тврди украинската тајна служба: Неговиот помошник го објави видеото
    Украинската тајна служба синоќа на своите канали Телеграм објави дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров наводно е во тешка состојба и паднал во кома.

    Никој од официјалните лица не ја потврди оваа вест.

    Меѓутоа, по гласините за тешката болест на Кадиров, Умар Даудов, неговиот помошник, објави видео на кое се гледа како Кадиров е на прошетка со семејството. Видеото е без датум, но Даудов тврди дека е од синоќа.

    „Вечерната прошетка беше одличен крај на вечерата со семејството. Искористете ги овие среќни моменти, пријатели. Најдете време и посветете повеќе внимание на вашето семејство. Одморете се од толпата и задоволете си себе си и нив“, вели тој во описот на видеото на Инстаграм.

    Да потсетиме дека здравствената состојба на чеченскиот лидер беше тема и претходно.

    Според Киев, состојбата на чеченскиот лидер е сериозно влошена последните денови и тој од синоќа е во критична состојба.

    Танјуг/АП Фото
    Според Андриј Јусов, портпарол на тајната служба во Киев, влошувањето не е поврзано со трауматски настани (несреќи, борбени рани), туку е последица на болест.

    Ниту еден чеченски официјален или официјална институција не ги коментираше овие наводи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img