Каде уште е пренасочен или забранет сообраќајот?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од денеска  започнуваат градежни активности на патот Демир Капија  – Неготино поради што ќе има пренасочување на возилата од едниот коловоз на другиот коловоз на кој движењето во должина на 2 км ќе се одвива во две насоки, соопшти АМСМ.

Оттаму информираат и дека и денеска во период од 8 до 16 часот затворен за сообраќај ќе биде патот Велес – Градско, на која се поставува асфалт.

По поплавите проблеми во одвивање на сообраќајот има на повеќе регионални патишта. Непрооден е  пат од с.Извор кон Прилеп,  а поради оштетениот мост на Црвенска Река сообраќајот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Поради излевање на Крива Rека, во прекин се и локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

Според информацијата на АМСМ, сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: МИА

Share This Article