More

    Каде е Рафах и кој го контролира?

    spot_img

    Египет наскоро се очекува да го отвори граничниот премин Рафах во јужна Газа, за странски државјани и жители на Газа кои имаат двојно државјанство.

    Ова ќе значи бегство од војната за ограничен број Палестинци. Но, повеќето од 2,3 милиони жители на Газа ќе останат заробени во енклавата разурната од војна.

    Рафах е единствениот граничен премин од Газа кон остатокот од светот кој не е директно под контрола на Израел. Тој е контролиран од Египет како дел од договорот со Израел и Европската унија.

    Сепак, тоа никогаш не беше нормален, целосно отворен граничен премин. Со текот на годините беше затворен со денови, недели и месеци. Кога ќе се отвори, често е наизменично и може наеднаш повторно да се затвори.

    Жителите на Газа никогаш не знаат кога ќе се отвори, па затоа е невозможно нешто да планираат, пишува Sky News.

    Ако сте заглавени надвор од Газа кога Рафах се затвора, нема шанси да се вратите повторно. Дури и под најдобри услови, транзицијата е несигурна и нестабилна, благо кажано – хаотична, додава британскиот дописник од Газа.

    Она што секогаш беше впечатливо е очајот на жителите на Газа кои чекаа да преминат, истакнува британскиот известувач

    Кога е отворен, преминот е преполн со луѓе, понекогаш илјадници од нив кои не се ни сигурни дали навистина ќе ја поминат границата.

    – Жените со часови ќе седеа на куфери, децата ќе си играа во нечистотија, се слушаше какофонијата на такси, автомобили и колички со магариња како се тресат за место. И среде тоа се случуваат илјадници соединувања и разделби на семејства, кои не знаат кога повторно ќе се видат – додава британскиот дописник во описот на единствениот граничен пренин за излез од Газа.

    Египет цврсто го контролира преминот Рафах, а Палестинците го обвинуваат за соучество во опсадата на Газа бидејќи одбива да ја држи границата трајно отворена 24 часа на ден.

    – Нема поттик за Египет сега да го отвори овој премин и да дозволи стотици илјади жители на Газа да избегаат од војната. Кога би го отворил, жителите на Газа би станале проблем на Египет, а тоа е последното нешто што Каиро го сака, заклучува дописникот на Sky News.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img