Кабинетот на Гаши: Употребата на албанскиот јазик во службената комуникација е загарантирана со Уставот

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши реагираше по претставката на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ за заклетвата што ја даде прво на албански јазик, па на македонскиот јазик.Од Кабинетот на Гаши велат дека употребата на албанскиот јазик во службената комуникација е загарантирана со Уставот.

– Претседателот на Собранието го остварува правото на употреба на албанскиот јазик во службената комуникација, што е загарантирано со Уставот, важечките закони и прописите на Собранието. Ова законско право ќе го остварува во текот на целиот мандат. Спикерот Гаши се залага сите собраниски процедури, согласно правата и обврските кои произлегуваат од законите, да го почитуваат и унапредуваат нашето мултикултурно општество, се вели во реакцијата.

Пратеничката на СДСМ и министерка за култура во заминување Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера соопшти дека поднела претставка до Секторот за инспекција при Министерството за култура против новиот претседател на Собранието Африм Гаши поради тоа што заклетвата прво требало да ја прочита на македонски, а потоа и на албански јазик.

Share This Article