ЈЗУ ЦЈЗ -ОХРИД -Детален извештај за квалитетот на вода во Охрид, Струга и Дебар

Saso
By Saso 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во склоп на реализација на Програмата за превентивна здравствена заштита,како и активностите за континуиран здравствено-еколошки надзор, екипа на ЈЗУ ЦЈЗ -ОХРИД, како и секоја година пред ,во тек и после туристичката сезона направени се теренски увиди на санитарно -хигиенската состојба на целото крајбрежје на Охридското Езерто од Св.Наум до с.Радожда со земање примероци вода за испитување на квалитетот на водата,како и мониторинг на крајбрежјето и квалитетот на водата на Дебарско Езеро.
Се врши мониторинг со земање проимероци вода од реките што се вливаат во Охридското Езеро.
Целта на санитарно-хигиенските и теренски увиди е да се откријат потенцијалните загадувачи на
езерската вода и опревземат мерки за нивно благовремено санирање .
За заштита на Охридското Езеро изграден е колекторски систем кој ги собира отпадните води од
градовите Охрид и Струга, кои се пречистуваат во пречистителната станица во с.Враништа. Меѓутоа се уште постојат објекти кои не се вклученки во колекторскиот систем така што претставуваат потенцијални загадувачи како на езерските води, на реките ,почвата.
Од направените теренски увиди се констатира дека потенцијални загадувачи се истите кои ги
наведуваме последните години ,односно:
1.Хотелско-угостителските објекти, како и туристичките населби кои се сместени по должината на Охридското
крајбрежје односно од Хотел Десаретдо Св.Наум.
2.Хотелско-угостителските објекти,како и туристичките населби од град Струга до с.Радожда.
Единстевно на овој потег приклучен на колекторскиот систем е Х.Макпетрол преку колекторскиот систем од с.Радолишта,Х.Бисер и с.Калишта.
3.Приватните куќи сместени на брегот од Охридското Езеро од плажата Сараиште, до приобалниот дел на населба Канео.
4.Приватните куќи од с.Радожда кои користат септички јами (истите понираат или директно се празнат во езерото).
5.Реките кои директно се вливаат во Охридското Езеро: р.Черава(која доаѓа од соседна Албанија и директно
се влива кај Св.Наум), р.Велгошка ,р.Коселска и р.Сатеска(за која е направен нацрт проект за директно
да се влива во река Црни Дрим кој би се реализирал набргу)
6.Мониторинг на Река Црни Дрим и Река Радика со земање примероци вода за физичко-хемиска и
микробиолошка анализа.
7.Шанкови поставени на самиот брег од Охридското Езеро(на самите плажи) –се врши мониторинг со земање примероци вода за физичко-хемиска и микробиолошка анализа.
8.Испустни цевки за собирање на атмосферски води кои се вливаат во Охридско Езеро ,со можност за
приклучени (намерно или ненамерно) отпадни фекални води од страна на колективни станбени згради и
приватни куќи.
9.Базени за капење во склоп на угостителски објекти или како градски базен.
10. Х.Десарет, автокамповите: Љубаништа и Ливадишта ; Х.“Св.НАУМ”, Ресторан ОСТРОВО и другите
угостителски објекти во Св.Наум приклучени се на локален канализационен систем кој е изграден во Св.Наум
2013 година,но истиот не функционира односно тртманот на отпадните фекални води не е комплетен,затоа што постои само дробилица за фекалиите ,но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната фекална вода пред испуст во езеро што претставува директен загадувач на езерото.Во поглед на испитувањата на плажите долж охридското крајбрежје, водата е касифицирана како ОДЛИЧНА, со исклучот на емениот примерок од плажата Извиднички, каде класата на водата е ДОБРА.

Во класа ОДЛИЧНА се и земените примероци од Дебарското езеро, со исклучок на анализата кај “Мелнички мост”, која се класифицира како ДОБРА.

Како потенцијални загадувачи на Охридското Езеро ги спомнав и реките кои директно се вливаат во
него:р.Черава,р.Сатеска,р.Коселска,р.Велгошка.
Извршен е мониторинг и земени се примероци вода за испитување од река Црни Дрим: водотек во
центар,пред и после пречистителна станица .

Во поглед на чистотата на реките таа е следна, реките Сатека и Коселска -трета класа,  река Велгошка (Грашница)  -петта класа, Велгошка( Грашница влив во езеро) трета каса, .Црни Дрим
20 м. по испуст на пречистителна станица -втора класа, Црни дрим
20 м. Пред испуст  на пречистителна станица -трета класа, Р.Црни Дрим водоток во центар – прва класа.

Share This Article