Старата дама забележа победа во Серија А, која на гостински терен славеше против Удинезе со 2:0 во натпреварот од 11. коло.
За разлика од натпреварите против Интер и Парма кои не ги доби, овојпат Тиаго Мота уште на стартот му даде шанса на Јилдиз. Младиот турски фудбалер не постигна гол, иако ја погоди стативата, но беше многу забележлив, а Јуве на крајот славеше.
По двете нерешени средби во Серија А и поразот на домашен терен од Штутгарт, Старата дама забележа победа против овосезонскиот цврст Удинезе. Гостите уште во првото полувреме го решија прашањето за победникот.
Најпрво Окоје го доведе Јуве во водство со автогол во 19. минута. Десниот бек на Савона зголеми на 2:0.