|
||
О Г Л А С
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.
Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи: Ø Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани. Ø Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани. Ø Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.
При поднесувањето на Барање заинтересираните ќе ги имаат на увид Шематскиот распоред на продажните места како и Одлуката за цени и критериуми за распределба на тезги. Комплетната документација да се достави во затворен плик до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид со назнака “За Оглас-продажно место – Тезга”, каде ќе биде заверено со датум,час и потпис,а на барателот ќе му биде издаден приемен лист со исти податоци. Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието и да има комплетна документација. Продажните места (Тезги) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.
Огласот се однесува за периодот од 01.01.2023 година до 31.12.2023 година. Огласот за пријавување трае од 15.12.2022 – 31.12.2022 година.
Непотполни, ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.
Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид
ВД Директор Александар Попоски
|