Српската водителка Јована Јеремиќ во неделата се појави на гласачкото место да ја изврши својата граѓанска должност. Во мини здолниште ги покажа извежбаните нозе и со чанта од 7.000 евра се појави пред фотографите, а само ден подоцна покажа како ја одржува фигурата.
Водителката неодамна на своите следбеници им покажа како вежба и што прави за да има цврст задник, а сега го покажа и резултатот од напорните тренинзи.
Јована претходно објави неколку кадри од својата вила во која вежбала покрај базен, а сега покажа фотографии од теретана и предизвикала лавина коментари.
Во текот на тренингот направила пауза за да сними неколку фотографии, водителката ги навлекла хеланките и така го покажала задникот, а розовиот горен дел го истакнал нејзиниот гол стомак, како и бујното деколте.
Јована ужива во љубовта со Драган Станковиќ, а како што откри – „во ѕвездите ѝ е запишано“ дека со него ќе добие син. Таа од првиот брак има ќерка на која е многу горда.
ФОТО: Инстаграм/Јована Јеремиќ