Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ потврдил дека ќе учествува на Олимписките игри (ОИ) во Париз и ќе ѝ помогне на Србија во битката за златниот медал.
Српските медиуми пишуваат дека центарот на Денвер веќе го известил селекторот Светислав Пешиќ за својата одлука и наскоро се очекува официјална потврда.
Учеството на Јокиќ на ОИ во Париз е голема вест за Србите кои ќе имаат поголеми шанси за повисок пласман на големото натпреварување.
Кошаркарскиот турнир во рамки на ОИ во Париз ќе почне на 27 јули.