ЈК Травел и СОС Детско село, потпишаа договор за продолжување на кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира на СОС Детско Село“.

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
ЈК Травел и СОС Детско село, потпишаа договор за продолжување на кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира на СОС Детско Село“.
И оваа година, ЈК Травел, како општествено одговорна компанија, и лидер на пазарот во туризмот, се обврза да донира средства за СОС Детско Село, со секој уплатен аранжман, а воедно со тоа да даде и директна поддршка на сите деца и згрижувачки семејства од оваа институција.
„Благодарност до нашиот партнер ЈК Травел што втора година ја реализира оваа кампања.
За нас од СОС Детско село ваков тип на кампањи помагаат во зголемување на свесноста за нашата кауза кај пошироката публика но и претставува важна потпора за обезбедување на квалитетна поддршка на над 75 згрижувачки семејства и над 120 деца и млади..”- велат од СОС Детско село.
ЈК Травел, оваа година го слави својот осумнаесети роденден, а кампањата одлучи да ја започне со потпишување на договор за донација на СОС Детско Село со секој уплатен туристички аранжман.
„На овој начин сите лојални клиенти кои низ изминативе осумнаесет годините летуваат со ЈК Травел се директни поддржувачи на оваа донација, за што сме искрено благодарни“ – изјавија од ЈК Травел.
Кампањата е предвидено да трае три месеци, со што се опфаќа и летната туристичка сезона кога има најголем број на туристички аранжмани, а донацијата ќе биде од помош за СОС Детско Село, институција која на многу пати покажала дека хуманоста и грижата за децата значи основа за унапредување на општеството и воспоставува стандарди кои се за восхит.
Воедно, ова е повик и до останатите компании од Македонија да се вклучат активно во поддршката на здруженијата кои имаат потреба од помош, бидејќи заедно можеме да изградиме подобар свет за нашите деца, да промовираме хумани вредности и грижа како темел на успехот на сите нас.
Share This Article