Претседателот на турскиот клуб Ахмет Јаман најави дека Јени Малатјаспор ќе се повлече од Првата лига.
Здружението донесе одлука да ги одложи сите натпревари во земјата за една недела, но претседателот на клубот Јаман смета дека во овој момент фудбалот не е важен, бидејќи потрагата по преживеани ќе биде исклучително долга.
„Сега не е време за фудбал. Илјадници наши луѓе се во урнатини, нивните семејства тагуваат, чекаат вести за нив, ги закопуваат нивните тела“, изјави Јаман за Фотомак и додаде:
„Фудбалот во моментов не постои. Се уште не сме донеле јасна одлука, но нема да можеме да играме. По свикување на Управниот одбор ќе донесеме одлука за повлекување од лигата“.
Земјотресите во Турција и Сирија однесоа над 20.000 животи.