Државни фирми, претпријатија и институции должат 408 милиони евра

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вкупниот долг на сите државни институции, јавното здравство, образованието, судството, социјалата, агенции, општини, јавни претпријатија, на крајот на 2023 година изнесувал 408,1 милион евра. Најголеми доспеани, а неплатени обврски имаат Јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми, пишува Порталб.мк.

Најголем дел од долгот или 91,3 милиони евра, е по основ на комуналии, транспорт, комуникации. На новата „должничка“ листа на првите три места се три државни фирми, а  41% од долговите се кон приватниот сектор.

Со вкупни доспеани а неплатени обврски во износ од 167,2 милиони евра на крајот на 2023 година, Јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми се први на списокот според висината на долговите. Новите податоци на Министерството за финансии покажуваат дека секторски, според висината на доспеаните а неплатени обврски, на второ место се Општинските Јавни претпријатија со скоро 76,0 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски (2023)

ЈП на централно ниво и државни фирми 167 224 304 евра

Општински Јавни претпријатија 76 961 000 евра

Општини 58 649 360 евра

Извор: МФ

Општините се на високото трето место со долгови во износ од 58,6 милиони евра. Податоците покажуваат дека од вкупните неплатени обврски на државниот сектор, најголем дел или 213, 3 милиони евра се кон јавниот сектор, односно внатрешен долг меѓу самите институции. Од вкупната сума на доспеани а неплатени обврски на државните и локалните власти и институции, 41% се кон приватниот сектор – на крајот од 2023 година  е регистрирани долг во износ од 169,8 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

Пријавени обврски

Кон јавен сектор 213 349 847 евра

Кон приватен сектор 169 787 700 евра

- Advertisement -
Ad image

Кон странство 22 597 706 евра

Кон физички лица 2 417 709 евра

Доспеаните а неплатени обврски кон странство изнесуваат 22,5 милиони евра а кон физички лица 2,4 милиони евра.

Ако се анализира структурата на долгот, најголем дел во износ од 91,3 милиони евра е по основ на комуналии, греење, транспорт, комуникации. По основ на „други тековни расходи“ пријавени се обврски од 62,2 милиони евра, за материјали и ситен инвентар не се платени сметки во износ од 59,4 милиони евра а доспеаните неплатени обврски по основ на „договорни услуги“ изнесуваат 41,1 милион евра.

На новата „должничка“ листа на првите три места се наоѓаат три фирми по државна „капа“: МЖ Транспорт со доспеани а неплатени обврски во износ од 64,8 милиони евра, МЖ Инфраструктура со скоро 41,0 милион евра и ЕСМ Дистрибуција на топлина со пријавени обврски во износ од 22,2 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски

МЖ Транспорт 64 840 000 евра

МЖ Инфраструктура 40 923 000 евра

ЕСМ Дистрибуција на топлина 22 205 000 евра

Меѓу првите „десет“ најзадолжени и натаму е ЈУ од областа на здравството – заедничката служба за снабдување на клиниките, со пријавен долг од 21,7 милиони евра. И на оваа конечна должничка листа за 2023 година се наоѓаат голем број на болници и клиники. ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија пријавила долгови во износ од 6,5 милиони евра, ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија долг од скоро 4,4 милиони евра а Универзитетска клиника за трауматологија 4,1 милион евра.

Во десетте најзадолжени се и две Јавни претпријатија – ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Водовод Куманово како и две општини, Тетово и Гостивар.

Share This Article