Јасна порака од словачкиот претседател Пелегрини до Сиљановска Давкова

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ, оцени претседателот на Словачка, Петер Пелегрини на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова,  што се одржа во рамките на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку.

На средбата, како што соопштија од нејзиниот кабинет, двајцата претседатели разговарале за севкупните билатерални односи, македонските евроинтеграции, како и за потребата од заеднички регионален пристап во надминувањето на глобалните предизвици.

„Словачкиот претседател оцени дека македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ. Тој нагласи дека Словачка е силен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и дека Братислава ја критикувала блокадата на македонската евроинтеграција на многу состаноци на Советот на ЕУ“, соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката, се додава во соопштението, истакна дека високо ја цениме досегашната поддршка од Словачка за македонскиот евроинтегративен пат и изрази убедување дека меѓусебната помош ќе продолжи и во натамошниот дел од процесот на нашето пристапување во ЕУ.

„Претседателката изрази задоволство од континуираниот развој на македонско-словачките односи. Таа изрази уверување за уште поуспешна и плодна соработка во периодот што следи. Како сојузнички во НАТО, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување за продолжување на добрата соработка во одбраната и во безбедноста“, се додава во соопштението.

Претходно, шефицата на македонската држава се сретна и со премиерот на Белгија, Александер Де Кро , кој истакна дека нашата држава може да смета на силна белгиска поддршка, затоа што според официјален Брисел, земјата направила огромен напредок и сега на ред е Европската Унија да стори нешто.

Share This Article